На престижниот Меѓународен турнир во борење слободен стил за мажи Дан Колов и Никола Петров, кој се одржува во Пловдив, Владимир Егоров го освои златото.
Тој брилијантно доминираше и заслужено го освои златниот медал во категоријата до 61 кг, демонстрирајќи врвна техника, борбеност и самодоверба на секој меч.
На патот до златото, Егоров беше доминантен во сите борби: во првата борба, со убедливи 11:0 го совлада противникот од Бугарија. Во следното коло го победи Камил Керимов од Украина. Во финалето, со сигурни 4:0 го совлада Никита Абрамов.
1. Владимир Егоров (Македонија)
2. Никита Абрамов (Украина)
3. Камил Керимов (Украина)
4. Стилиан Илиев (Бугарија)
The post Владимир Егоров освои златен медал во Бугарија appeared first on sportsport.mk.