10.9 C
Vinica
петок, март 27, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Концерти Бах во метро – 29 март Плато пред Млечен ресторан – Младински гудачи квартет „Карпош

    Младинскиот гудачки квартет „Карпош“ ќе реализира три концерти по повод роденденот на генијалниот Johann Sebastian Bach на 29 март на Платото пред Млечен ресторан во 10.00, 11.30 и 13.00 часот.

    Овие концерти се дел од светската иницијатива „Bach in the Subways“, преку која Општина Карпош се приклучува на глобалното одбележување на музиката на Бах, директно меѓу луѓето, надвор од концертните сали. Иницијативата е покрената пред десетина години и има огромно значење за доближувањето на класичната музика до најшироката публика.

    Гудачкиот квартет работи под менторство на виолинистката Пламенка Трајковска.

    Младинскиот гудачки квартет „Карпош“ се состои од четири млади феноменални музичарки и тоа: Јана Бужаровска – виолина, Грациела Трајковска – виолина, Марија Павловска – виола и Сара Илиевска – виолончело.

    Концертите ќе бидат обоени со енергија, младешка страст и безвременска убавина во изведба што го претвора секојдневието во уметничко доживување.

    Концертите се реализираат со поддршка на општина Карпош.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica