10.1 C
Vinica
вторник, март 24, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Се интензивираат активностите за реформи во изборното законодавство

    На втората седница на работната група за реформи во изборното законодавство беа усвоени записникот од конститутивната седница и Деловникот за работа, со што се постави основата за понатамошната работа. Воедно, започна детална анализа на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, кои ќе претставуваат клучен темел за идните измени на Изборниот законик, информираат во Министерството за правда.

    „Во текот на 2025 година, Министерството за правда подготви работна верзија на Изборниот законик, која ја ставивме на располагање на сите членови на работната група. Очекуваме во наредните две недели членовите да ги разгледаат препораките во соработка со политичките партии, по што ќе продолжиме со усогласување на ставовите“, информираат оттаму.

    Оттаму додаваат дека продолжуваат со интензивни консултации со релевантните институции.

    „Веќе е остварена средба со претставници на Државната изборна комисија, каде се разговараше за унапредување на законската рамка, како и за зајакнување на транспарентноста и ефикасноста на изборниот процес. Се очекуваат и нивни конкретни предлози. Во наредниот период ќе следуваат состаноци и со Државната комисија за спречување на корупцијата, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Државниот завод за ревизија, како и со претставници на граѓанскиот сектор. Реформите во изборното законодавство бараат политички дијалог и широк консензус. Само преку заеднички пристап можеме да изградиме стабилен, кредибилен и фер изборен систем. Следната седница на работната група за реформи во изборното законодавство ќе се одржи на 8 април“, информираат оттаму.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica