8.1 C
Vinica
вторник, март 24, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Прва самостојна изложба на Стефан Златев на 25 март во Сули – ан

    Во галеријата „Драгутин Аврамовски-Гуте“ на Факултетот за ликовни уметности во Сули-ан, во Старата скопска чаршија, на 25 март, во 19:30 часот, ќе биде отворена првата самостојна изложба на Стефан Златев. На неа ќе се претстави со дела преку кои визуелно го истражува односот на човекот кон природата, попрецизно кон малите форми на живот.

    Со суптилна еколошка рефлексија, преку насловот „Симбиоза“ што го позајмува од биологијата, тој нè потсетува на сложената меѓузависност на природните механизми кои се клучни за опстанокот на човекот.

    Ладислав Цветковски во текстот за каталогот, „преку спојот на традиционалната и дигиталната технологија, Стефан Златев создава композиции што ги дефинира како ‘организиран хаос’, во кои преку мешањето на изразните можности на употребените изразни средства и преку формите и линиите создава чувство на динамика, но истовремено и на хармонија. Таа негова прецизност и грижливиот пристап кон цртежот нè упатуваат на неговата блискост со класичната дисциплина на графичката техника, надополнета со употреба на дигитални алатки кои ги третира како ‘адитив’ преку кој го заокружува својот визуелен концепт.“

    Во визуелниот простор на Златев науката е почетна инспирација, која тој визуелно ни ја раскажува со употреба на декоративна естетика, надополнета со внимателна графичка цртачка дисциплина. Како што истакнува проф.

    Златев индиректно се зафаќа и со прашањето дали илустрацијата, без дополнително да се интервенира за да се задоволат одредени „етаблирани“ очекувања, може да опстане самостојно како автономно визуелно дело. Тој се обидува да ги надмине границите меѓу илустрацијата и ликовното уметничко изразување, сакајќи наративниот карактер на применетата уметност да го сплоти со визуелниот систем на ликовната уметност и да создаде симбиоза која ќе резултира во негов автохтон визуелен систем, кој ќе му овозможи да комуницира со гледачот.

    Изложбата е финансиски поддржана од Министерството за култура и туризам, а ќе биде отворена до 31 март.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica