8.4 C
Vinica
петок, март 20, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    (Рецепт) ВОЗДУШЕСТО И ВКУСНО: Ролат со банани и чоколадо

    Мек, убав за око, вкусен… оваа ролат е сон од соништата!
    Потребно ви е за тестото:
    – 5 јајца
    – 5 лажици шеќер
    – 2 лажици брашно
    – 1 лажица какао
    – 1/2 прашок за пециво
    За филот:
    – 4 банани
    – 3 јајца
    – 140 г шеќер
    – 1 кесичка ванилин шеќер
    – 100 г чоколадо за готвење
    – 50 г млечно чоколадо
    – 200 г маргарин
    – 150 г мелени бисквити
    Подготовка:
    Прво, одделете ги жолчките од белките. Потоа изматете ги белките во цврста смеса, а жолчките во пена, со шеќер. Соединете брашно, прашок за пециво и какао, па измешајте сè со жолчките. Внимателно вмешајте ги белките. Истурете сè во голем плех, обложен со хартија за печење, и печете во рерна, претходно загреана на 180 степени, околу 15 минути. Одделете го печениот бисквит од хартијата, па замотајте го во влажна крпа.
    Потоа подгответе го филот. Изматете ги јајцата со шеќерот во пареа. Кога шеќерот ќе се растопи, додадете го чоколадото и варете 10-15 минути. Изладете го филот, па додадете го претходно изматениот маргарин. Оставете настрана 1/3 од филот за да го покриете ролатот, а на преостанатите 2/3 додадете мелени бисквити. Добро измешајте сè, па премачкајте го врз бисквитот. Излупете ги бананите и ставете по две на едниот крај од бисквитот, а по две на другиот. Потоа внимателно замотајте го од едната и другата страна, кон средината. Префрлете во плех, со замотаните агли надолу. Премачкајте го со преостанатата третина од филот и оставете го во фрижидер да се стегне пред сервирање.

    Фото: Принтскрин/novosti

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica