10.9 C
Vinica
петок, март 27, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    „Усје“ и сега работи според европски стандарди, тврдат од компанијата

    ТИТАН Усје работи согласно Европската регулатива, односно според стандарди на работа кои се идентични со оние за која било цементарница која делува во Европската унија, тврдат од компанијата откако граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ вчера во нивно име до Министерството за животна средина, достави своја верзија за А-интегрираната дозвола.

    Од Усје, во соопштение до јавноста, велат дека работат целосно во согласност со сите важечки закони, подзаконски акти и барањата на А – Интегрираната еколошка дозвола, како и дека честопати имаат внатрешни стандарди кои се и построги од домашните законски обврски.

    „Нашите емисии континуирано се мерат преку 24-часовен независен мониторинг, со податоци јавно достапни и редовно доставувани до надлежните органи и до медиумите. Редовните и ненајавените
    инспекции од страна на надлежните тела не констатираат надминувања на законските лимити. И апликацијата за продолжување на А -интегрираната еколошка дозвола до Министерството за животна средина и просторно планирање во целост ги следи обврските и условите што произлегуваат од законските и
    подзаконските акти, а кои се во целост усогласени со европската регулатива“, велат од Цементарницата.

    Посочуваат дека се одговорна компанија која придонесува за националниот развој, локалната економија и снабдувањето со материјали за инфраструктурни објекти, вклучувајќи болници, брани, патна и јавна инфраструктура и посочуваат дека ја следат јавната дебата за животната средина и даваат транспарентен придонес во неа.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica