За сите љубители на чоколадо и кремасти задоволства, оваа пита од рендано тесто е вистинско уживање. Се подготвува брзо и лесно, без растегнување на кората, а комбинацијата од меко чоколадно тесто и нежен фил од сирење со мала нота на портокал потсетува на најфиниот чизкејк.
Состојки:
За тестото:
300 грама брашно
30 г какао
5 г прашок за пециво
100 г шеќер
130 г путер
1 јајце
60 г павлака
За филот од сирење:
700 г сирење од кисело млеко(може да г онаправите сами така што низ густа крпа ќе исцедите кисело млеко)
3 јајца
150 г шеќер
200 г павлака
20 г нишесте
рендана кора од 1 портокал
Подготовка:
1. Тесто:
Измешајте го брашното, какаото и прашокот за пециво во сад. Додадете го шеќерот и путерот исечени на коцки, а потоа издробете сè со прстите додека не добиете трошлива текстура. Потоа додадете јајце и павлака и месете го тестото. Поделете го на два дела, завиткајте го во прозирна фолија и ставете го во замрзнувач околу 30 минути.
2. Фил:
Матете го сирењето, јајцата, шеќерот и павлаката додека не добиете мазна маса. Додадете нишесте и рендана кора од портокал, а потоа добро измешајте сè.
3. Склопување на питата:
Рентајте половина од изладеното тесто на дното од намастениот калап. Рамномерно распоредете го филот од сирење врз него. Потоа рендајте ја другата половина од тестото врз филот.
4. Печење:
Печете во претходно загреана рерна на 180°C околу 40-45 минути, додека питата не добие убава златно-кафеава боја.
5. Ладење и сервирање:
Оставете ја питата целосно да се излади пред да ја исечете. По желба, наросете со шеќер во прав.
Совет
За уште поинтензивен вкус, можете да додадете малку сок од портокал или чоколадни трошки во филот.
Уживајте!
Фото: Принтскрин/novosti