11.6 C
Vinica
понеделник, март 23, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    (ВИДЕО) РЕЦЕПТ ЗА ПОЛНЕТИ КОМПИРИ: Одличен прилог или како независно јадење

    Идеален рецепт за брза ужина или комплетен оброк, без многу време во кујната.
    Состојки:
    1/2 кг компири
    3 лажици павлака
    4 чешниња лук
    2 лажици кашкавал исечкано на стапчиња
    малку мелен пипер
    малку сладок пипер
    сечкан магдонос по вкус
    сол по потреба
    малку масло
    малку сусам за посипување
    Подготовка:
    Прво, добро измијте ги и исчистете ги компирите, а потоа исечете ги на половина по должина.
    Премачкајте ги со малку масло и ставете ги во рерна да се печат околу 50 минути на 200 степени. Додека се печат, подгответе го филот со мешање на павлаката со ситно сечкан лук, додадете сол, бибер, сладок пипер и многу сечкан магдонос. Кога компирот ќе се испече, извадете го од рерна и притиснете го посилно со прстите од краевите по должината за убаво да „пукне“ и да расцвета.
    Ставете по една лажица фил од павлака во секоја пукнатина, потоа ставете стапчиња кашкавал одозгора и наросете со малку сусам.
    Вратете сè во рерна уште 15 минути да се пече на 230 степени додека сирењето не почне да се растегнува и да порумени.

    Фото: Принтскрин/YouTube

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica