12.2 C
Vinica
недела, март 22, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Спалети: Ни недостасува зрелост во играта

    Екипата на Јувентус синоќа направи нок кикс во домашниот Серија А шампионат, откако одигра на домашен терен само 1:1, против екипата на Сасуоло.

    Иако поведе на време уште во 14. минута преку Кенан Јилдиз, сепак, Јуве не успеа да ја исконтролира ситуацијата. Прими гол во вториот дел кој што го постигна Пиамонти, за да Локатели во 87. минута промаши пенал за победа.

    Тренерот Лучијано Спалети имаше доста доза на критика во својата изјава по мечот.

    „Кога играш со четири дефанзивци, мора да ја прошириш играта и да создаваш ситуации еден на еден. Постојано им велев да ги бараат Јилдиз и Консеиоса, бидејчи Сасуоло беше притиснат во сопствениот шеснаесетник“, коментираше тренерот.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica