8.7 C
Vinica
сабота, март 21, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Директорот на инспекторатот за земјоделство, Васе Анакиев доби 30-дневен притвор како осомничен за примање поткуп

    Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му одреди 30-дневен притвор на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, кој е осомничен за примање поткуп.

    Како што информираа од Судот, мерката притвор е определена по сите три законски основи и тоа опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и опасност од повторување на делото. Притворот е изречен на предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), кое отвори истражна постапка против осомничениот.

    Според информациите од обвинителството и Министерството за внатрешни работи, осомничениот во периодот од 5 март до 19 март, во својство на службено лице, директно побарал поткуп од сопственик на фирма која се занимава со увоз, за да овозможи увоз на стока во земјава.

    „В.А., во својство на службено лице, директор на Државен инспекторат за земјоделство, со цел стекнување на противправна имотна корист од сопственик на правен субјект кој се занимава со увоз, индиректно преку лице шпедитер побарал поткуп во износ од 100.000 евра, за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши. Имено, на оштетеното лице му било образложено дека за стоката која што ја увезува има забрана за влез и дека истата треба да се врати, бидејќи не е во согласност со важечките законски прописи и дека претходно од страна на Државниот инспекторат за земјоделство бил изготвен записник“, соопшти МВР.

    Иако во соопштението на МВР се вели дека увозот на оваа стока бил забранет, од ОЈО ГОКК го соопштија спротивното, односно дека ваквата стока „многу пати претходно била увезувана“ во земјава, а Анакиев намерно сакал да прикаже дека постои забрана за увозот на стоката што не било случај.

    Според ОЈО ГОКК, Анакиев „директно побарал значителна имотна корист за себе за да ‘изврши службено дејствие што би морало да го изврши’ вршејќи притисок врз службени лица да не се одобри увоз на стока на правно лице, иако истата многупати претходно била увезувана. Како оправдание на шпедитерот му било истакнато дека стоката што требало да се увезе не е во согласност со законските прописи. Како резултат на притисоците стоката повеќе денови стоела на граничен премин, па откако оштетениот побарал образложение за забраната, осомничениот започнал дејствие на барање на поткуп“, соопшти Обвинителството.

    Според полицијата, Анакиев барал вкупно 100.000 евра, кои требало да бидат исплатени во три рати, една од 50.000 евра и две од по 25.000 евра. Како посредник во примопредавањето на парите бил вклучен шпедитерот на стоката. Откако оштетениот ги предал средствата, тие биле преземени од шпедитерот и подоцна предадени на директорот.

    Полицијата го лишила од слобода Анакиев веднаш по примопредавањето на првата рата од 50.000 евра, при што извршиле претрес на неговото возило и парите ги нашле под совозачкото седиште.

    Васе Анакиев беше именуван за вршител на должност директор на Државниот инспекторат за земјоделство во јули 2024 година. Тој е потпретседател на Социјалистичката партија на Македонија, која е дел од владејачката коалиција „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica