3.8 C
Vinica
среда, јануари 28, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Агенцијата за храна за една година изрекла казни од 618.000 евра

    Инспекторите на Агенцијата за храна за една година направиле над 125.000 инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на животните во кои изрекле казни од над 600.000 евра.

    Како што информираат од АХВ, контролиран бил домашниот промет, производството, дистрибуцијата, угостителството, но и увозот и извозот. Инспекторите проверувале имплементирање и одржување на процедурите на добра хигиенска и добра производствена пракса и НАССР системот за безбедност на храната, како и соодветното означување на храната, мониторинг на храната од домашното производство и од увоз, здравствената заштита и благосостојба на животните.
    „Во 2025 година од вкупниот број, реализирани се вкупно 47 200 контроли во внатрешниот промет, во рамки на редовните и вонредните инспекциски надзори, при што беа издадени 5 406 решенија, поднесени 10 прекршочни пријави, изречени беа 1 073 прекршочни платни налози со вкупна вредност од 618.010 евра во денарска противвредност. Поднесени беа и 8 кривични пријави, сите од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните“, посочуваат од АХВ.
    Во рамки на овие контроли, инспекторите одземале и уништиле небезбедна храна месо и месни производи, млеко и млечни производи, јаткасти плодови, јајца, риба, кондиторски производи и алкохолни и безалкохолни пијалаци во вкупна количина од 355 377 килограми.

    „Дополнително, инспекциските служби на Агенцијата спроведоа 78 016 контроли на увозните пратки и пратките кои транзитираат низ земјава, со храна од животинско и неживотинско потекло, производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храната,
    добиточна храна и живи животни. Како небезнедни уништени беа 8 пратки со храна од неживотинско потекло во количина од 69 785 килограми, а една пратка беше вратена во земјата извозник“, посочуваат од Агенцијата.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica