8.8 C
Vinica
недела, март 29, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Потпишан Меморандум за културна соработка меѓу загребскиот Музеј за ументости и занаети и Националната галерија на Македонија

    Вчера во македонскиот КИЦ во Загреб беше потпишан Меморандум за културна соработка меѓу Музејот за уметност и занаети во Загреб и Националната галерија на Република Македонија во Скопјe.

    Договорот го потпишаа директорот на Музејот во Загреб, Сањин Михелиќ, и директорот на Националната галерија на Македонија, Али Синани и програмскиот раководител и виш кустос Маја Крстевска.

    Целта на Меморандумот е зајакнување на меѓународната соработка меѓу двете институции преку презентација и промоција на уметничкото и културното наследство на Република Хрватска и Република Македонија, како и развој на заеднички и индивидуални програми. Ова дополнително ги зајакнува капацитетите на двете институции со посебен акцент на поврзување на нивните богати фондови, од историски колекции до современа уметност и уметнички занаети.

    Мими Ѓоргоска Илиевска, директорка на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, истакна: „Потпишувањето на овој Меморандум претставува важен чекор во зајакнувањето на културната соработка меѓу двете земји. Македонскиот КИЦ во Загреб игра значајна улога во поттикнувањето и продлабочувањето на соработката меѓу македонските и хрватските институции во интерес на промоција и афирмација на културните вредности на двете земји“.

    Директорот на Националната галерија на Република Македонија, Али Синани, во оваа пригода истакна: „Верувам дека потпишувањето на овој Меморандум ќе овозможи размена на знаења и искуства и ќе отвори нови можности за вмрежување меѓу македонските и хрватските културни работници и уметници“.

    „Особено сме задоволни што оваа година ќе реализираме две изложби во Македонија, со што веднаш ќе ја трансформираме оваа соработка во конкретна и видлива културна програма за публиката во двете земји“, рече директорот на загребскиот Музеј на уметност и занаети, Сањин Михелиќ.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica