Меки и сочни, овие коцки едноставно ве тераат да јадете уште!
Потребно е:
– 375 г остро брашно
– 1,5 лажички сода бикарбона
– прстофат сол
– 360 мл млеко
– 1,5 лажици сок од лимон
– 300 г банани
– уште 1 банана за декорација
– 2 јајца
– малку екстракт од ванила
– 4 лажици мек путер
– 1 чаша шеќер
Подготовка:
Измешајте го млекото со сокот од лимон и оставете го да отстои пет минути. Добро изматете го путерот и шеќерот, потоа додадете ги јајцата и екстрактот од ванила едно по едно. Додадете го брашното, кое претходно сте го измешале со сода бикарбона и сол, и подготвеното млеко со лимон, со тоа што ќе го прелиете брашното три пати, и мешајќи во меѓувреме, и млекото на двапати. Конечно, рачно вмешајте ги бананите, кои претходно добро сте ги изгмечиле. Печете го колачот во рерна, претходно загреана на 140 степени, околу 50 минути (проверете со чепкалка за заби дали е готово). Почекајте да се олади, а потоа декорирајте го со тенко исечени бананини. Исечете го колачот на коцки и послужете.
Фото: Принтскрин/novosti