Изложбата „Лазар Соколов – живот и дело“, на авторот м-р Илија Василески, ќе биде отворена во среда, 18 март, со почеток во 19.30 часот во Музејот на македонската борба за самостојност.
Лазар Соколов е учесник во Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија (1941-1945) и еден од втемелувачите на современата македонска држава на Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија.
Изложбата ќе биде отворена за посетителите до средината на април.