8 C
Vinica
среда, март 18, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Ацевска освои бронзен медал на Европското првенство во Крит

    Македонската репрезентативна во џиу-џица, Катерина Ацевска, освои бронзен медал на Европското првенство на Крит. Во првото коло беше слободна бидејќи беше носител на групата, додека во второто коло беше совладана од противничка од Германија.

    Во третото коло обезбеди победи со 9:2 над ривалка од Италија, а имаше триумф и над противничката од Хрватска во следната рунда со 14:4.

    Катерина е втора на Светската ранг листа во моментов.

    „Задоволен сум од настапот на Катерина, успеавме во конкуренција од 10 борци да дојдеме до третото место. Сепак морам да нагласам дека ждрепката не ни беше наколнета, затоа што Русинката што стана Европски шампион за 2026, пред само неколку месеци загуби од Катерина на Светското првенство во Тајланд, но тука не се сретнаа. Борецот од Хрватска во 2024 година беше Светски шампион, Катерина петпати по ред на различни турнири губи токму од неа, но вчера за првпат ја победи што укажува на подготвеноста и решителноста на Катерина. Германката која што стана европски вицешампион загуби од Катерина на минатото Европско првенство во Белгија. Задоволен сум, продолжуваме понатаму“, вели селекторот Александар Ацевски.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica