
Девет oпштини во Полошкиот регион потрошиле над 16,9 милиони денари или над 275 илјада евра за зимско одржување на патиштата во тек на сезоната 2025/26. Оваа сума е без ДДВ, затоа што истото не беше пресметано во некои од договорите, што ја покачува цената уште повеќе цената. Порталб.мк ги разгледа договорите потпишани меѓу oпштините и приватните оператори.
Општина Тетово потрошила најмногу пари, потоа следуваат Гостивар и Маврово и Ростуше. Некои општини сами си го вршат одржувањето на патиштата во текот на зимата. Една општина не даде никакви податоци, игнорирајќи ги новинарските прашања со недели.
Повеќето од компаниите што се занимаваат со чистење на патиштата од снег се редовни клиенти на соодветните општини, тие главно се занимаваат со одржување на патиштата, но вршат и други услуги како што се превоз за време на избори или други градежни работи.
Тетово
ОпштинаТетово на почеток на годината потпишала два договори за зимско оддржување
на патиштата. На 2 јануари 2026 година потпиша договор со „Еко Пеу“ за набавка на сол и песок во
вредност од 3.288.135 без ДДВ (над 53 илјада евра). Неколку дена потоа, на 20 јануари 2026 година повторно потпиша договор со „Еко Пеу“ за зимско одржување на инфраструктурата во територијата на општината. Овој договор е во вредност од 4.200.000 денари без ДДВ (над 68 илјада евра). Овие два договори имаат вкупна вредност од 7.488.135 денари без ДДВ (над 121 илјада евра).
„Еко Пеу“ е редовен добитник на тендери во Општина Тетово. Само во 2025 година, oпштината и доделила 14 тендери на оваа компанија, за изградба, реконструкција и одржување на патиштата.

Порталб.мк и во минато пишуваше за бизнис мрежата на ова семејство.
Гостивар
Општина Гостивар на 6 јануари 2026 година потпиша договор со „Магум Транс“ во вредност од 4.270.000 денари без ДДВ (над 69 илјада евра). Оваа компанија го доби тендерот за оддржување на улиците од oпштина Гостивар и во 2023 и 2024 година година.

Маврово и Ростуше
Општина Маврово и Ростуше потпишала два договори. На 11 декември 2025 година потпишала договор со Балкан Турс во вредност од 742.000 денари без ДДВ. А на 9 јануари 2026 година повторно е потпишан договор со Балкан Турс во вредност од 2.250.000 денари без ДДВ. Овие договори достигнуваат вкупна вредност од 2.992.000 денари (над 48 илјада евра). Општина Маврово и Ростуше потпишала два пати договор со оваа компанија. Во 2025 година за превоз за време на изборите, а договор потпишала и во 2024 година за зимско оддржување на патиштата.

Врапчиштe
Општина Врапчиштe на 13.11.2025 година потпишала договор со „Арби Транс 2000“ во
вредност од 1.200.000,00 денари без ДДВ (над 19 илјада евра). Оваа компанија во 2025 година добила уште осум други тендери од oпштина Врапчиште, за реконструкција на патиштата, изградба на резервоари со вода и реконструкција на цевките.

Желино
Општина Желино на 31.12.2025 година потпишала договор со „Калоши Ком“ во вредност од 600.000 денари без ДДВ (над 9 илјада евра).
Јегуновце
Ни oпштина Јегуновце нема објавено јавен повик за одржување на улиците, тоа е затоа што, како што објаснуваат од оваа општина за Порталб.мк, зимското одржување на локалните патишта го врши јавното комунално претпријатие „Јегуновце“, со сопствена механизација, а врз основа на програмата претходно одобрена од Советот на општината. Поради горенаведените причини oпштина Јегуновце и ЈКП „Јегуновце“ немаат објавено јавни повици за јавни набавки“, соопштија од oпштина Јегуновце. Од општинарите објаснија дека ЈКП „Јегуновце“ има планирано 300.000 денари (над 4 илјади евра) за зимско одржување на локалните патишта и улички.
Брвеница
Општина Брвеница во 2025 година и 2026 година не објавила тендер за зимско оддржување на патиштата. Од оваа општина за Порталб.мк потврдија дека немало оглас, бидејќи средствата за зимско одржување биле обезбедени преку договор склучен во рамките на финансискиот праг дозволен со закон. На 26.11.2025 година, потпишан е договор со КИ-ЕМ за индустриска сол во вредност од 60.000 денари без ДДВ. Ист договор е потпишан и на 13.01.2026 година. Значи, за две години за индустриска сол за зимско одржување и песок од постапката за јавна набавка за набавка и транспорт на тампон песок биле предвидени 120.000 денари (близу 2 илјади евра) без ДДВ.
„Зимското одржување на патиштата го врши самата oпштина Брвеница преку сопствени ресурси и организациски капацитети, без ангажирање надворешни изведувачи, поради што не е склучен посебен договор за оваа намена“, велат од oпштина Брвеница.
Во меѓувреме, на 23 јуни 2025 година oпштина Брвеница потпиша договор со „Дурак Транс“ во вредност од 2.000.000 денари за набавка и транспорт на тампон песок за потребите на општината. Општината потпишала слични договори со овој оператор во 2024 и 2023 година.
Боговиње
Општина Боговиње има сопствени основни средства (специјализирани камиони) со кои
врши одржување на патиштата во текот на зимската сезона. Но, не ни доставија податоци колку чини ова одржување.
„Оваа активност се спроведува преку Јавното комунално претпријатие „Шара“ во согласност со годишниот план за одржување, кој го одобрува oпштинскиот совет. Годишната програма за одржување на патиштата што се предава на јавното претпријатие за спроведување вклучува не само зимско одржување, туку и други активности поврзани со одржувањето на патиштата“, велат од oпштина Боговиње.
Теарце
Во 2025 година, oпштина Теарце објави тендер за зимско одржување на патиштата, но тој беше поништен. Во меѓувреме оваа општина на 16 јануари 2026 година објавила нов тендер за ова намена, кој беше отворен до 23 јануари 2026 година.

Иако Порталб.мк неколкупати се обрати до oпштина Теарце за податоци, таа ги игнорираше нашите новинарски прашања. Последниот договор за зимско оддржување на патиштата од oпштина Теарце е потпишан на 31.12.2024 година со Урбан План Констракшн во вредност од 1.200.000 денари без ДДВ.
Сите трошоци на едно место
Според податоците обезбедени од Порталб.мк, Полошките општини потрошиле вкупно 16.970.135 денари или 275.472 евра, без ДДВ затоа што истото не беше пресметано во некои од договорите, и ако се додаде ДДВ тоа ја покачува цената уште повеќе. А пак за oпштините Теарце и Боговиње нема финансиски податоци.
Иако Порталб.мк неколкупати се обрати до општина Теарце за податоци, таа ги игнорираше нашите новинарски прашања. Последниот договор за зимско оддржување на патиштата од општина Теарце е потпишан на 31.12.2024 година со Урбан План Констракшн во вредност од 1.200.000 денари без ДДВ.
Најголемите добитници на тендерите
• „Еко Пеу“ (Тетово): Оваа компанија е најголемиот добитник, со два договори кои
достигнуваат вкупна вредност од 7.488.135 денари (без ДДВ) за сол, песок и одржување.
Во 2025 година оваа компанија добила вкупно 14 тендери од општина Тетово за изградба
и реконструкција на улици. Исто така, беше објавено дека оваа компанија му припаѓа на
семејството Бајрами.
• Магум Транс (Гостивар): Добила тендер во вредност од 4.270.000 денари. Оваа
компанија е редовен изведувач во Гостивар, добивајќи тендери за зимско одржување во
2023 и 2024 година.
• Балкан Турс (Маврово и Ростуше): Има добиено два договори со вкупна вредност од
2.992.000 денари. Покрај чистењето снег, оваа компанија е ангажирана од Општината за
транспортни услуги за време на изборите.
• Арби Транс 2000 (Врапчиште): Покрај договорот од 1.200.000 денари за зимата, оваа
компанија во текот на 2025 година добила и 8 други тендери, вклучувајќи големи проекти
за водоснабдување и реконструкција на патишта кои достигнуваат вредност од милиони
денари.
Потсетуваме дека минатата зимска сезона 2024/25, според истражувањето кое го спроведе
Порталб.мк, Полошките општини потрошиле околу 340 илјади евра за оддржување на
улиците.
Пишува: Фисник Џелили