18.4 C
Vinica
сабота, октомври 5, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Преку еколошки активизам Анџелина Џоли влегува во бизнисот со модата

    Филмската ѕвезда Анџелина Џоли, покрај тоа што е специјален пратеник на Обединетите нации и покровител на неколку значајни хуманитарни организации, сега влегува и во светот на модата. Таа веста ја сподели со своите фанови на социјалните мрежи.

    Новиот проект што таа го најави има за цел да донесе позитивни промени за животната средина.

    Со оглед на тоа дека текстилната индустрија е еден од најголемите загадувачи на околината, актерката решила да го искористи своето влијание за да се вклучи во борбата против тој проблем.

    „Започнувам нешто ново – колектив каде секој може да создава. „Ателје Џоли“ е место за креативни луѓе да соработуваат со вешто и разновидно семејство на стручни кројачи, производители и занаетчии од целиот свет“, напиша таа на Инстаграм.

    „Тоа доаѓа од мојата благодарност и длабока почит кон многуте кројачи и производители со кои работев низ годините, желбата да користам висококвалитетен „винтиџ“ материјал и материјал што е веќе достапен, а исто така да бидам дел од движењето за поттикнување самоизразување“, додала актерката.

    „Ателје Џоли“ ќе се истакне по својот одржлив пристап кон модниот дизајн. Актерката ќе користи  ткаенини и „винтиџ“ материјали кои инаку би завршиле на депонии.

    Со ова сака да ја намали количината на отпад и да им даде нов живот на тие материјали преку нови модни креации. Нејзиниот бренд на тој начин, се надева таа, ќе покаже дека е можно да се биде свесен за модата и во исто време да се грижи за животната средина.

    Инаку, за време на неодамнешната посета на Белата куќа, таа облече ’винтиџ’ костум на Шанел, додека нејзините ќерки за своето појавување на црвениот тепих избраа фустани кои претходно ги носеше нивната славна мајка.

    Обожавателите се воодушевени од новата кариера на актерката и нејзиниот еколошки активизам. Не е јасно кога проектот ќе заживее, но Џоли навести дека тоа ќе се случи наесен.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.