18.8 C
Vinica
сабота, јули 25, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Зајакнувањето на институционалните капацитети, тема на средбата меѓу министерот Ферати и ИФЕС

    Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, оствари работна средба со претставници на ИФЕС, на која се разговараше за значењето на соработката со меѓународните организации во поддршка на демократските процеси и институционалниот развој.

    „Во текот на средбата беа разменети мислења за актуелните предизвици и потреби на Министерството, со посебен акцент на унапредувањето на институционалните капацитети и зајакнувањето на ефикасноста во спроведувањето на неговите надлежности.“ велат во соопштението.

    Во таа насока, како министерот Ферати, така и претставниците на ИФЕС, ја изразија подготвеноста за разгледување конкретни можности за соработка во области од заеднички интерес, вклучително и професионалниот развој на вработените и јакнењето на институционалните капацитети.

    Беше оценето дека континуираната соработка ќе придонесе кон зајакнување на институциите, промовирање на демократските вредности и подобрување на услугите во интерес на граѓаните.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica