26.4 C
Vinica
понеделник, јули 27, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Почина еден од најпознатите актери, Гоце Тодоровски

    Почина еден од најпознатите македонски актери Гоце Тодоровски. Неговото семејство објави на социјалните медиуми дека Тодоровски, по неколкудневна хоспитализација, синоќа починал, на 75 годишна возраст.

    Тој е роден во 1951 година во Кичево и во својата кариера бил дел од многу театарски, филмски и телевизиски проекти. Бил вработен во Драмскиот театар во Скопје и соработувал со голем број на познати наши режисери Слободан Унковски, Коле Ангеловски, Димитар Станковски, Владимир Милчин и Димитрие Османли. Покрај ангажманите во матичниот театар, учествувал во речиси сите хумористично – сатирични емисии на радио и телвизија, во драми, серии…

    Бил дел од Солунски патрдии, Македонски народни приказни, Трст виа Скопје, Бушавата азбука, Театарче лево ќоше, Хихириху и многу други театарски и телевизиски проекти.

    Mинатата година ја доби државната награда „23 Октомври“ во областа на културата и уметноста.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica