26.4 C
Vinica
понеделник, јули 27, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Мицкоски: Заемот од М-НАВ, МЕПСО и Лотарија ќе се користи за отплата на кредит кон кинеската банка

    Средствата што Владата ги обезбедила од неколку државни претпријатија ќе бидат искористени за отплата на кредитот кон кинеска банка за изградба на автопатите, изјави денес премиерот Христијан Мицкоски.

    Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски појасни дека не станува збор само за средства од Македонска навигација (М-НАВ), туку и за пари обезбедени од Државната лотарија, МЕПСО и сопствени средства на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

    „Не се само од М-НАВ. Имаме средства и од Лотарија, МЕПСО и сопствени средства на ЈПДП. Средствата ќе бидат искористени за враќање на кредит кон кинеската банка за автопатите, а во август ќе им бидат вратени на компаниите“, изјави Мицкоски.

    Тој вели дека станува збор за вообичаена постапка која била применувана и претходно.

    „Се работи за вообичаена процедура што многупати претходно се правела. Во август средствата ќе бидат вратени и кај М-НАВ и кај Лотарија и кај МЕПСО“, додаде Мицкоски.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica