27.7 C
Vinica
вторник, јули 28, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Татко и син од дома продавале дрога, Обвинителството со истраги за четворица скопјани

    Четворица скопјани, од кои двајца се татко и син се дел од истрагата на Основното јавно обвинителство Скопје бидејќи кај нив беа откриени наркотични дроги. Тие се осомничени за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а побаран е и притвор.

    Како што информираат од Обвинителството, во првата истрага се опфатени татко и син, на возраст од 50 и 19 години, кои во домот на улицата „Македонско-косовска бригада“ заеднички држеле околу пет килограми марихуана, спакувани во повеќе ќеси и наменети за натамошна продажба. При претресот во нивниот дом полицијата пронашла и три дигитални ваги со траги од дрога.

    Истрага е поведена и против 25-годишник од Арачиново кој неовластено заради продажба држел околу 1,8 килограми марихуана спакувана во десет пакувања и една дигитална вага, кои му биле пронајдени при претрес и одземени.

    За истото кривично дело осомничен е и 23-годишен жител на Аеродром, кој во напуштена подрумска просторија на булеварот АСНОМ, заради продажба неовластено држел 640 грама психотропна супстанција амфетамин, 541 жолти таблети, како и 0,15 грама жолта грутчеста материја која претставува 3,4-метилен-диоксиметамфетамин. Кај него биле пронајдени и 69 перфорирани жолти картончиња со присуство на ЛСД, како и дигитални ваги и други предмети на кои имало остатоци од психотропни супстанции, кокаин и канабис.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica