13.7 C
Vinica
понеделник, март 16, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Скопје викендов живее во знакот на tattoo уметноста – над 150 артисти дел од Artist Republic 2026

    Со силна енергија, креативност и голем интерес од публиката, во Скопје успешно се одржува првата регионална tattoo конвенција Artist Republic 2026, која викендов ги обединува најдобрите тату артисти од регионот и светот. Настанот се одржува во хотел „Александар Палас“, каде десетици уметници и љубители на тату културата создаваат уникатна атмосфера исполнета со уметност, креативност и инспирација.

    Во текот на првиот ден од конвенцијата, посетителите имаа можност да проследат демонстрации на различни техники и стилови на тетовирање, да се запознаат со работата на реномирани артисти и да уживаат во динамичната атмосфера која го слави индивидуалното изразување преку уметноста на тетоважата. Повеќе од 150 тату артисти учествуваат на настанот, претставувајќи широк спектар на стилови – од класични и традиционални до современи и експериментални техники.

    Конвенцијата има и натпреварувачки карактер, а во рамки на програмата веќе беа доделени дел од наградите во различни категории, со што се истакнува креативноста и врвниот уметнички квалитет на учесниците. Публиката имаше можност да ги види и најновите трендови во тату индустријата, како и да учествува во работилници и интерактивни содржини.

    Денес продолжува вториот ден од Artist Republic 2026, кој ќе донесе нови тату сесии во живо, дополнителни натпреварувачки категории и финално прогласување на најдобрите уметници на конвенцијата. Програмата е дополнета и со музички содржини и дружење меѓу артистите и посетителите, создавајќи вистински фестивал на уметноста и урбаната култура.

    Организатори на настанот се Skopje Tattoo Show и Great Heart Art, кои со оваа конвенција имаат за цел да ја позиционираат Македонија како значајна точка на регионалната tattoo сцена.

    Artist Republic 2026 веќе покажа дека тетоважата е многу повеќе од тренд – таа е уметност, култура и начин на личен израз кој ги поврзува луѓето од различни земји и генерации.

    Конвенцијата продолжува и денес во Александар Палас, каде посетителите сè уште имаат можност да бидат дел од ова уникатно уметничко искуство.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica