13.8 C
Vinica
недела, март 15, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    За утрешното Женско рели се пријавиле повеќе од 100 жени

    Автомобилистичката федерација на С.Македонија, членка на Светската автомобилистичка федерација (FIA) најави одржување на седмото традиционално женско рели кое и годинава ќе ги обедини жените љубителки на мотоспортот, адреналинот и тимскиот дух.

    Настанот ќе се случи утре со почеток во 10:30ч, на големиот паркинг на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

    „За учество во релито веќе има пријавено над 100 учеснички, а конениот број се очекува да биде и поголем, имајќи предвид дека пријавувањето трае до недела. Екипите составени од возач и совозач ќе поминат градска рута, а потоа ќе ја покажат својата вештина и умешност зад воланот во втората етапа – спретно возење на затворен паркинг во безбедни услови, меѓу конуси. Женско рели има за цел да ја промовира улогата на жените во мотоспортот, тимската работа и позитивната енергија, како и да ја подигне свеста за безбедност во сообраќајот“, велат организаторите.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica