18.4 C
Vinica
сабота, октомври 5, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Тим билдинг – Vincinnijada 2023 за вработените на Макпрогрес Виница

    Традиционално како и повеќе години наназад, овој викенд од 12-14.05.2023 во комплексот на Хотел Посејдон Палас во Лептокарија, Грција се оддржа Тим билдинг –  Vincinnijada 2023 за вработените на Макпрогрес Виница.

    Како општествено одговорна компанија која постојано вложува во своите вработени во подобрување на работната атмосфера, тимската дружба како и зголемената мотивацијата, Макпрогрес им овозможи на 290 лица вработени во компанијата три дена да се прошетат, уживаат, забавуваат, дружат и натпреваруваат на претходно подготвените спортски игри т.н. Олимписки игри.

    Трите дена беа исполнети со многу активности како што беа одржаните турнири во мал фудбал со професионален судија и другите спортски игри како пинг-понг, пикадо, песочни лудории, влажење јаже, трчање и беа исполнети со многу смеа и натпреварувачки дух. На вечерна гала забава со бенд се доделија медали, награди и признанија за најупорните и најдобрите во дисциплините, како и се прославија родендени на вработени а не ја заборавивме и традиционалната хуманитарна лотарија.

    Макпрогрес се заблагодарува на сите свои вработени за точноста и експедитивноста при одржаната екскурзија како и лојалноста и посветеноста на сите вработени во своето работење.

    Се гледаме на наредната Vincinnijada, која со сигурност ќе е богата и со интересни содржини и која нестрпливо сите ќе ја очекуваме.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.