20.4 C
Vinica
петок, ноември 13, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Студентите од охридскиот дом „Никола Карев“ сместени надвор од градот, сами го плаќаат превозот до факултетите

    Студентите од Државниот студентски дом „Никола Карев“ во Охрид, кои поради најавената реконструкција на домот се привремено сместени во одморалиштето на Министерството за внатрешни работи (МВР) во населбата Свети Стефан, се соочуваат со дополнителни финансиски трошоци за секојдневен превоз до факултетите, објави „Студентарија“ на Инстаграм. Оттаму бараат институциите итно да обезбедат бесплатен превоз за студентите.

    Сметаме дека е недозволиво студентите да бидат изложени на дополнителни трошоци поради одлука на институциите да ги сместат надвор од градот. Реконструкцијата на „Никола Карев“ е неопходна и одамна требаше да се случи. Но, обезбедувањето привремено сместување не смее да значи создавање нови проблеми за студентите. Државниот студентски дом треба да обезбеди услови за нормално студирање, а тоа подразбира и пристапност до факултетите“, пишува во објавата на „Студентарија“.

    Платформата „Студентарија“ ги повикува одговорните во Министерството за образование и наука, раководството на студентскиот дом и надлежните институции итно да обезбедат организиран и бесплатен превоз за студентите, со редовни поаѓања усогласени со нивните факултетски обврски или, пак, друго решение со кое целосно ќе се покријат трошоците за превоз.

    „Студентите не избрале да живеат надвор од градот. Таму се сместени по одлука на институциите и не треба тие да ги сносат финансиските последици од таа одлука“, наведено е во објавата.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.