Со мајските новини кои доаѓаат со Google System Updates, корисниците ќе треба да внимаваат со синхронизацијата на нивните контакти, доколку тоа го прават со Google Contacts, односно со нивната Google сметка. Со оглед на тоа што повеќето Android корисници сигурно ги синхронизираат своите контакти, а ако не го правите тоа препорачуваме да почнете, ова ќе ги засега повеќето.
Иако нема ризик од губење на контактите, некои корисници може да помислат дека истите се избришани. Тоа е поради промената која ја воведува Google за синхронизацијата, поточно исклучувањето на истата, ги трга контактите од телефонот.
Досега исклучувањето на синхронизацијата само го прекинуваше ажурирањето на промените на телефонот со серверите, што значи дека контактите еднаш симнати на телефонот, си остануваа додека корисникот сам не ги тргне.
Враќањето на контактите на телефонот се прави едноставно со повторно вклучување на синхронизацијата, па како што истакнавме, нема ризик од губење на истите.