Вчера во 14.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Карпош била пронајдена бебешка количка во која имало бебе и на која имало оставено телефонски контакт и медицински извештаи на мајката. 19-годишна мајка е приведена, информираат од МВР.
Кај количката, имало и телефонски контакт, како и медицинските извештаи на мајката, а случајот бил пријавен во МВР.
„Полицијата ја пронајде мајката М.С.(19) од Скопје и ја приведе“, велат од МВР.
Засега нема детали за причините зошто бебето било оставено само.
По целосно расчистување и документирање, против мајката ќе следуваат соодветни пријави.