Разрешувањето на досегашната директорка на ЈП Лајка, Радмила Пешева значи деградирње на досегашните напори да се обезбеди функционален систем за третман на бездомните животни, реагираат од граѓанската организација “Анима Мунди“.
Се сомневаат дека разрешувањето на директорката е техничко и тврдат дека е свесно оттурнување на концептот „Скопје што се грижи“ и замена на принципите со послушност. Од Анима Мунди велат дека одлуката на Градот Скопје за разрешувањето, на директорката Пешева и била соопштена преку телефон, без претходен состанок и без образложение.
„Отстранети се активисти од Управниот одбор и директор, активист кај кои нема да помине наредба на штета на живо битие. Активисти кои изнесоа и вдомија илјадници кучиња во странство, луѓе кои со години превенираа животни да останат на улица, луѓе кои секојдневно работат на терен, спасуваат, лекуваат и носат решенија – се заменија во одборите со луѓе кои куче виделе само на улица, дел со анимозитет или страв, а состаноци не одржуваат во Лајка затоа што им пречи мирисот на институцијата што треба да ја водат, велат од организацијата.