На големата сцена на Националната опера и балет, на 4 април со почеток во 11.00 часот, ќе се изведе детската интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“, наменета за најмладата публика на возраст од 6 до 11 години.
Автор на идејата, сценариото, режијата, костимографијата и сценографијата е Десанка Глигоријевиќ.
Улогите ги толкуваат: Невен Сиљановски, Надежда Рубен, Марика Поповиќ и Дејан Стоев.
Претставата активно ја вклучува публиката, поттикнувајќи ја детската имагинација, креативност и љубопитност, нудејќи им на најмладите уникатно доживување и прв допир со оперската сцена.