Откако ќе го пробате, овој колач ќе стане вашиот омилен десерт. Совршената комбинација од сочни јаболка и ароматичен афион ѝ дава посебен вкус, а подготовката е толку едноставна што само треба да ги соедините сите состојки. Идеално е за секој ден, но и за послужување на гости.
Состојки:
4 јајца
4 јаболка
100 г шеќер
100 грама брашно
100 г мелен афион
100 мл јогурт
100 мл масло
1 ванилин шеќер
1 лажичка прашок за пециво
1 лажичка цимет
Глазура:
120 г чоколадо за готвење
3 лажици масло
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200°C. Намастете и набрашнете калап (30×20 см) или обложете го со хартија за печење. Изрендајте ги јаболката, додадете ванилин шеќер и цимет, па измешајте. Изматете ги јајцата со прстофат сол. Постепено додавајте шеќер и матете уште неколку минути. Додадете масло и јогурт, па кратко матете.
Одделно измешајте го брашното, прашокот за пециво и афионот, а потоа додадете ги во смесата со јајца. Додадете ги ренданите јаболка и нежно измешајте. Истурете во калап и печете околу 30 минути на 180 степени. Кога колачот ќе се олади, премачкајте го со глазура од стопено чоколадо и масло.
Пријатно!
Фото: Принтскрин/YouTube