10.5 C
Vinica
вторник, март 31, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    „Патувањето на парите“ – заедничка изложба на КИЦ Белград и турскиот институт „Јунус Емре“

    Изложбата „Колекција на метални пари ковани во Скопје и Кратово (XIV–XVII век) – Патувањето на парите“, подготвена од м-р Даниела Николова, свечено ќе биде отворена на 31 март (вторник) во 17:00 часот во Македонски културно-информативен центар во Белград.

    На отворањето ќе се обратат директорите на КИЦ Белград Васко Шутаров, директорот на турскиот институт во Белград Јунуз Емре, амбасадорите Никола Тупанчески и Илхан Сајхл, како и авторката на изложбата Даниела Николова.

    Изложбата претходно беше реализирана во Скопје, каде предизвика голем интерес кај јавноста и стручната публика.

    Поставката е дел од поширок проект кој вклучува и промоција на двојазичната монографија „Патувањето на парите“, која нуди научен и визуелен осврт на колекцијата.

    Изложбата ќе биде отворена за посетители во периодот од 31 март до 8 април 2026 година.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica