Распродаден е капацитетот на „Авива“, стадионот во Даблин за утрешниот фудбалски натпревар на домашната Република Ирска со Македонија. Дуелот на „лузерите“ кој почнува од 20:45 часот, домашната јавност го прогласи за најскапиот небитен натпревар, натпревар кој е далеку и од пријателски а кој ќе се одигра во оваа земја.
Вкупно 51.711 гледачи е капацитетот на националниот стадион во Даблин кој за домашните навивачи требаше да биде пшразник, финале и борба на нивната селекција за место на мундијалот. Цените по 175 евра по билет ќе донесат на касата на федерацијата околу 9.000.000 евра или иста сума која ФИФА ја плаќа на секој од учесниците кој обезбедува пласман на завршницата.
„Дуел на две коли после една тешка сообраќајна несреќа“, беше кусиот вовед на селекторот Хеимир Халгримсон како вовед во она што ќе се одигра утре во Даблин каде ќе се сретнат неговата Република Ирска и нашата Македонија.
Ирската јавност сепак очекува празни места и многумина кои сакаат да ги препродадат билетите, многумина кои се разочарани…