9.9 C
Vinica
понеделник, март 30, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    МВР: Расчистено убиството кај Виница – осомничен 80 годишен грчки државјанин – 4 лица лишени од слобода

    Министерството за внатрешни работи излезе со информација дека било расчистено вчерашното убиство кај Виница. Имено вчера нешто по 16 часот, во ОВР Виница, од Итната медицинска помош е пријавено дека во близина на градските гробишта во Виница, бил пронајден починат 56 годишен човек со иницијали Д.А. од с.Липец, Виничко. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

    Во врска со настанот, полициски службеници ги лишија од слобода И.Л.(24), Г.П.(80), С.Р. (55) сите од Р. Грција како и 57 годишно лице со иницијали С.З.од с.Жабени, Битолско.

    По преземени мерки и активности од страна на ОВР Виница во содејство со ОЈО Кочани, во насока на расчистување на кривично правниот настан, извршени се претреси во возилата кои лицата ги управувале и во просториите во апартманите во Виница каде лицата престојувале. При претресите пронајдени и одземени се четири ловни пушки и околу 800 парчиња ловечка муниција, како и друг доказен материјал од интерес на истрагата.

    Против 80 годишниот државјанин на Грција со иницијали Г.П. ќе биде поднесена кривична пријава а против останатите инволвирани лица во настанот до ОЈО Кочани ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од МВР.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica