12.3 C
Vinica
сабота, март 14, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Денеска се празнува Преподобната маченичка Евдокија – со молитва исцелувала болни

    Света Евдокија живеела во II век во градот Илиопол во Феникија. Во младоста била многу богата и живеела раскошен живот, далеку од христијанската вера.

    Еден ден слушнала како еден монах чита од Светото Писмо за Страшниот суд и за наградата на праведните. Овие зборови силно ја потресле и ја натерале длабоко да се покае за својот дотогашен живот.

    По разговор со монахот, таа се крстила и го примила христијанството, го поделила целото свое богатство на сиромашните и заминала во женски манастир

    Таму живеела во строг пост, молитва и смирение, а поради нејзината духовност и мудрост била избрана за игуманија на манастирот. Според преданието, Господ ѝ дал дар на чудотворство, па со молитва исцелувала болни.

    Во времето на римските прогонувања на христијаните, локалниот управител дознал за неа и за нејзиното влијание меѓу народот. Таа била уапсена и обвинета дека ги наведува луѓето кон христијанската вера.

    По многу испрашувања и закани, Евдокија останала цврста во верата. Поради тоа била осудена на смрт и го примила маченичкиот венец.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica