11.8 C
Vinica
вторник, март 10, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Рамадани: Единствената опција против Работнички е победа

    Во рамките на 22. коло, Арсими денеска го очекува важен натпревар на гостински терен против Работнички, дуел кој има големо значење за продолжението на сезоната. Фудбалерот на Арсими, Албин Рамадани, ја истакна важноста на оваа средба, нагласувајќи дека тимот влегува на терен со само една цел, победа.

    Нe очекува многу важен натпревар против Работнички. За нас како клуб овој дуел има голема тежина и единствената алтернатива е победата. Максимално се подготвувавме во текот на целата недела и екипата е мотивирана да го даде својот максимум на теренот изјави Рамадани. Тој се осврна и на последниот пораз на домашен терен од Тиквеш, истакнувајќи дека тимот мора брзо да реагира. Поразот од Тиквеш беше тежок за прифаќање, но фудбалот е таков и мора брзо да се реагира. Сакаме што побрзо да го заборавиме тој натпревар и да се вратиме на позитивните резултати“ истакна Рамадани.

    Според Рамадани, Арсими го поседува потребниот квалитет за освојување на трите бода, доколку екипата игра со посветеност и дисциплина. Веруваме во квалитетот на нашиот тим и ако играме со посветеност и дисциплина, убеден сум дека можеме да ги освоиме трите бода и да се вратиме на позитивната серија што нашиот клуб ја заслужува. Натпреварот Работнички-Арсими ке се одигра денес со почеток од 14 часот!

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica