10.8 C
Vinica
четврток, март 5, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Поранешниот министер за одбрана на САД, Доналд Рамсфелд: Тактиката во Иран наликува на Косово 1999

    Џорџ Буш и „Пустинска бура“ во Ирак, Бил Клинтон и „Сојузничка сила“ во Сојузна Република Југославија, Џорџ Буш помладиот и „Ирачка слобода“ – ќе остане ли Доналд Трамп запишан во историските книги преку операцијата „Епски бес“ во Иран?, пренесува Би-Би-Си Србија.

    Воздушните напади на американската и израелската војска врз Иран и убиството на врховниот лидер, ајатолахот Али Хаменеи, потпалија ново буре барут на Блискиот Исток. Иранците одговорија со напади врз американски бази низ целиот регион, врз Израел, но и врз други цели во земјите од Блискиот Исток.

    Американскиот претседател на 3 март изјави дека акцијата може да трае четири до пет недели, но дека САД имаат залихи оружје за „да војуваат засекогаш“.

    Додека ракетите и дроновите го параат небото над Блискиот Исток, покрај многу други прашања, се отвора и прашањето во каков вид воен судир би можел да прерасне овој конфликт и како би можел да заврши.

    „Ова е превентивна војна чија цел е да го спречи развојот на оружје или други видови закани што Иран би можел да ги претставува.

    А во етиката на војната, превентивната војна се смета за забранета“, изјави за BBC на српски јазик Џон Аркила, воен аналитичар и поранешен советник на генералот Норман Шварцкоф за време на „Пустинска бура“ и на Доналд Рамсфелд, министерот за одбрана на САД.

    Рамсфелд, таканаречениот архитект на војната во Ирак во 2003 година, беше на функција за време на претседателот Џорџ Буш помладиот и важеше за главен заговорник на „војната против тероризмот“ по нападите врз Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica