Украинското Министерство за одбрана објави видео од поплавениот град Нова Каховка, каде што синоќа беше уништена браната на акумулирачкото езеро на хидроцентралата.
Да потсетиме, Нова Каховка е под окупација на руските сили.
„Нова Каховка, Херсонската област. Русите ги претвораат окупираните територии на Украина во пустини, урнатини и поплавени области. Светот мора да ѝ се придружи на Украина во ставањето крај на рускиот тероризам“, објави украинското Министерство за одбрана.
Nova Kakhovka, Kherson region. The russians are turning occupied territories of Ukraine into deserts, ruins, and flood zones. The world must join Ukraine in putting an end to russian terrorism.
🎥 @pravda_eng pic.twitter.com/POeY5wxKpR
— Defense of Ukraine (@DefenceU) June 6, 2023