5.2 C
Vinica
сабота, декември 21, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Турската партија го напушта Европскиот фронт на Ахмети

    Кандидатите Турци за пратеници кои се во коалиција со Демократската унија за интеграција (ДУИ) во рамките на Европскиот фронт не делат заеднички вредности, па по изборите ќе ја напуштат оваа коалиција. Ова го изјави во интервју за порталот Пресонлајн.ал Енес Ибрахим претседател на Партијата за движење на Турците (ТХП) и кандидат за пратеник на Коалиција за европска иднина во ИЕ Бр.5.

    „Коалициите треба да имаат одредени вредности, во овој случај, доколку се Европски фронт, треба навистина во таа коалиција да учествуваат политички партии кои веруваат во овој концепт, а не кои сакаат само да имаат пратеник, па потоа во 20 часот на 8 мај да избегаат во различни коалици. Изминативе години тоа се случуваше во рамки на другите коалиции, па така најголем дел од тие коалиционни партнери нема да останат со ДУИ бидејќи не ги имаат истите вредности со ДУИ. Коалицијата предводено од ДУИ, сметам дека не е принципиелна. Најголем дел од тие коалициони партнери, претходно биле во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, потоа биле со СДСМ, па откако им биле затворени вратите во СДСМ и во ВМРО-ДПМНЕ, нашле една мала врата во ДУИ. Кога зборувам за непринципијална коалиција, зборувам за европските вредности. Во оваа коалиција имате политички партии и поединци кои секогаш биле анти НАТО, анти Европа. И затоа оваа коалиција е непринципиелна и нема да има успех“, смета Ибрахим.

    Тој смета дека турската заедница е маргинализирана и изолирана и дека за нив патот кон членството во ЕУ е најбитен елемент. Според него, помалку бројните етнички заедници, вклучително и турската заедница, немаат алтернатива, и затоа, смета тој, патот кон ЕУ мора продолжи.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.