10.5 C
Vinica
понеделник, ноември 16, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Бесент смета дека „Енвидија“ мора да побара нов извршен директор надвор од компанијата, Хуанг размислува да се врати

    Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, во неделата изјави дека „Енвидија“ треба да побара кандидат надвор од компанијата за нов главен извршен директор, откако Џенсен Хуанг минатата недела ненадејно се повлече од функцијата.
    Хуанг се повлече во четвртокот, откако излегоа на виделина информации за негови афери надвор од бракот вклучително и една со лице за кое постои сомнеж дека е кинески шпион што ја втурна компанијата за производство на чипови во криза.
    „Ова ме наведува на заклучок дека, додека управниот одбор трага по нов лидер, треба да бараат надвор од компанијата. Со оглед на тоа што се случувало внатре, потребна е темелна промена“, изјави Бесент за „Фокс Њуз“.
    Бесент исто така наведе дека управниот одбор на „Енвидија“ и нивните надворешни правни советници треба, во рок од следните 10 дена, да одговорат на прашања поврзани со корпоративната култура на почитување на ограничувањата за извоз.
    Како што објави „Фајнешл Тајмс“ во петокот, управниот одбор на „Енвидија“ стапил во контакт со Рене Хас, извршниот директор на британскиот производител на чипови „Арм Холдингс“, во потрага по потенцијална замена за Хуанг.
    Од друга страна, Џенсен Хуанг размислува за враќање на чело на „Енвидија и веќе разговарал со свои блиски соработници за таа можност, објави „Фајнешл Тајмс во неделата, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.
    Еден од сојузниците на Хуанг изјави дека формираат кризен штаб составен од раководители од Силиконската долина, кои ќе лобираат за враќање на поранешниот шеф на „Енвидија“ и ќе се обидат да обезбедат поддршка од Белата куќа.
    „Сите што се важни во технолошкиот сектор освен оние во лабораториите за најнапредни истражувања го сакаат Џенсен“, рече изворот, додавајќи дека овие напори имаат поддршка и од самиот Хуанг.
    Оваа информација доаѓа само неколку дена откако „ФТ“ објави дека управниот одбор на „Енвидија“ стапил во контакт со Рене Хас, извршниот директор на британскиот производител на чипови „Арм Холдингс“ во потрага по потенцијален наследник на Џенсен Хуанг.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.