Неверојатна случка се случи за време на дербито во Мексико на средбата Тигрес и Монтереј. Имено во 51.минута легендарниот Серхио Рамос се спремаше да шутира пенал за гостите. Во тој момент домашниот голман Гузман се одлучи да брани свртен со грб кон Рамос, нешто што досега ретко или никогаш не сме го виделе.
Секако дека со тоа сакаше да го деконцентрира славниот Рамос, но сепак не успеа во тоа. Легендарниот Шпанец погоди, но неговиот тим беше поразен до 2:1.
Од ова видео најубаво се гледа што праваше голманот Гузман.