8.8 C
Vinica
четврток, ноември 21, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Излегоа психолошките наоди за монструмот од Врачар: “Тој бил нарцисоиден и размислувал како да има 20 години“

    Специјалистот по судска медицина, д-р Љубиша Божиќ, смета дека според досегашните информации може да се заклучи дека момчето убиец Коста К.(13) од Врачар верувал дека е подобар од сите и бил нарцисоидна личност.

    Тој посочува дека изјавата на мајката е важна за истрагата, но оти вината за масакрот што се случи не е кај неа.

    „Точно е дека мајката можела да реагира доколку забележала дека нешто не е во ред, што би го видела доколку максимално се фокусирала на момчето. Меѓутоа, промените кај децата на таа возраст се чести и логично е тоа да се припише на пубертетот. Никој не го познава вашето дете подобро од вас, а да беше фокусот на него, можно е многу работи да беа поинаку“, вели д-р Божиќ, пренесе „Информер“.

    Според него, момчето не се ни однесувало како некој што има само 13 години, бидејќи го променило однесувањето кон најблиските токму кога го смислило пеколниот план, туку постапувал како да има 20 години.

    „Се однесува и размислува како дваесетгодишник. Барал внимание од околината, родителите, пријателите, а кога видел дека не реагираат на него онака како што тој би сакал, во тој момент почнал да кова план и да ‘става маска’“, вели специјалистот.

    Дури кога испланирал сè, објаснува д-р Божиќ, почнал да се однесува нормално кон родителите и пријателите.

    „Тоа го направил, најверојатно, затоа што не сакал да се истражи неговото однесување и да му се уништи планот. Она што е видливо во неговото однесување е дека тој беше особено нарцисоиден. Тоа порано се гледало во неговиот однос кон другарите во училиштето. Бил убеден дека е различен од сите, но во смисла дека е подобар. Коста бил неговиот најголем проблем. Запоставувањето од страна на родителите во овој случај не може да се сфати како буквално, бидејќи пред се било во главата на момчето“, рече вештакот.

    Српските медиуми вчера објавија детали од сослушувањето на мајката на Коста. Таа во полицијата зборувала за неговото здравје, односот со врсниците, семејните односи. Кажала и што правел Коста деновите и кобното утро пред масакрот. Сите детали од сведечењето, на ЛИНКОТ.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.