13.5 C
Vinica
вторник, октомври 6, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Стопанската Комора ќе побара ревидирање на бројот на неработни денови заради празници

    Стопанската комора на Македонија најави дека до Министерството за економија и труд ќе достави предлог-измени на Законот за празниците, со кои бројот на неработни денови ќе се намали на 13, а празниците што се паѓаат во недела повеќе не би се префрлале како неработен ден во понеделник. Од Комората велат дека предлозите се во насока на оптимизирање на бројот на неработни денови и зголемување на продуктивноста и економската ефикасност, но и дека со нив не се предвидува укинување на постојните празници, туку ревидирање на правото на користење неработни денови.

    „Нашиот предлог нема да е бришење или укинување конкретни празници, туку ревидирање на правата што произлегуваат од вака дефинирани празници за сметка на барањето за укинување прослава на некои од празниците. Па дури и сега ваква поставеност на системот може да се третира како систем што не е во согласност со Уставот бидејќи некако ги става во нерамноправна позиција граѓаните припадници на разни групи. Ако одиме по таа логика, припадниците на српската заедница или влашката заедница, доколку се православни, имаат најголем број на неработни денови – 11 за сите, пет кои се однесуваат на припадници на православна вероисповед и дополнителни денови кои се однесуваат на конкретната етничка заедница. За сметка, да речеме, на припадник на исламска вероисповед, којшто има помалку денови кои му се предвидени за прослава по однос на ваквите религиски празници. Така, на пример, еве постои небулоза, да речеме, Свети Сава празникот, што кај нас е предвиден како неработен ден за припадници на српската етничка заедница, во соседна Србија не е неработен ден – рече проектниот менаџер во Стопанската комора, Анета Димовска.

    Предлогот на комората е неприфатлив за претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов кој кој смета дека работодавците треба да разговараат за платите на работниците, а не за празниците.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.