Она што се навестуваше во понеделникот и официјално е потврдено, техничкиот директор на Милан Паоло Малдини го напушти клубот.
Таа функција Малдини ја извршуваше во последните четири години и за тоа време клубот ја освои титулата шампион на Италија, прва по 11 години. Милан трипати играше и во Лигата на шампионите, а оваа сезона првпат по 2007 година стигна до полуфинале.
Оваа одлука после расправијата помеѓу Малдини и сопственикот на клубот Гери Кардинале, по што клупската легенда доби отказ.
Според соопштението на Милан, неговото ќе го заземе стручна комисија која ќе соработува со тренерот и ќе поднесе извештај до извршниот директор.
Заминувањето на Малдини предизвика реакции и во соблекувалната на тимот, а неколку играчи и јавно реагираа на промената. Меѓу нив е и еден од најдобрите играч на екипата, Португалецот Рафаел Леао.
Official, confirmed by club statement: AC Milan have fired Paolo Maldini as he’s no longer the director. 🚨⚫️🔴 #ACMilan
The club has decided to sack Ricky Massara and legend Paolo Maldini to begin new era with new vision. pic.twitter.com/vcmWHHifjS
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 6, 2023