Во тек е интензивно расчистување на речното корито на Виничка река. Со механизација се врши ископ на земја од 3-та и 4-та категорија, се отстранува огромна количина на нарасната вегетација, тиња и шут.
На овој начин долгорочно ќе биде решен еден од големите проблеми со изливање на речното корито од надојдување на огромно количество на вода.
Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Виница.