Членови на ДПД Виница успешно учествуваа на тридневна специјализирана обука за гаснење шумски пожари, која се одржа во Центарот за обука во Сежана.
Обуката беше организирана со цел унапредување на знаењата, вештините и подготвеноста за справување со шумски пожари и интервенции во тешки услови. Учесниците имаа можност да поминат теоретски и практични вежби со современи методи и опрема за гаснење пожари.
Оваа обука беше овозможена со поддршка од Дирекција за заштита и спасување, со што дополнително се зајакнува капацитетот и подготвеноста на пожарникарите за брза и ефикасна реакција на терен.
