7.5 C
Vinica
четврток, февруари 12, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Дејан Пројковски е добитник на Меѓународната награда за режија на Интернационалниот театарски фестивал во Истанбул, Турција

    На 11. издание на Интернационалниот театарски фестивал во Истанбул, Турција, еден од најтрофејните македонски режисери, Дејан Пројковски е добитник на Меѓународната награда за режија, со што уште еднаш ја зацврсти својата позиција на меѓународната театарска сцена.

    Ова е второ вакво признание за Пројковски на истиот фестивал, по наградата освоена на 9. издание пред две години, што сведочи за континуитетот на неговата авторска визија, уметничката зрелост и доследниот ангажман во современиот театар.

    Со оваа награда, Пројковски се вбројува меѓу најистакнатите режисери од регионот, чија работа и препознатлив сценски ракопис добиваат висока оценка и од меѓународната публика и од театарската критика.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica