24.9 C
Vinica
четврток, јули 9, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Тројца функционери на Вреди задржани на граничен премин со Албанија

    Тројца функционери на партијата Вреди, координаторот на пратеничката група, Беким Ќоку, пратеникот Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани, биле задржани околу еден час на граничниот премин Ќафасан без никакво официјално објаснување, иако сите тројца покажале дипломатски пасоши, објави партијата.

    „Според информациите што неофицијално ги соопшти граничната полиција, против нив постои забрана за влез. Сепак, не им е соопштена никаква одлука, документ или оправдување. Вреди бара од властите на Република Албанија да ја информираат јавноста дали навистина постои таква мерка. Доколку е така, кој ја донел оваа одлука, врз која законска основа се темели и кои се конкретните причини за таквата акција против избраните функционери и институционалните претставници,“ велат од партијата и повикуваат меѓуалбанските односи да се градат врз транспарентност, институционално почитување и јасна комуникација, а не врз необјаснети забрани и процедури што оставаат простор за сомневање.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica