8.6 C
Vinica
петок, ноември 28, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Денеска започнува фестивалот „Ехо на Балканот“

    Од денеска, па до 17 ноември, во тек е музичкиот камп и фестивал „Ехо на Балканот“ (Echoes of Balkan) кој се одржува во Музејот на македонската борба. Од ДМБУЦ ,,Илија Николовски – Луј” ќе настапат ученичките Лора Мадевска и Тара Мухиќ, која е почесен член на Бордот на организацијата и идеен творец на фестивалот. Настанот соединува млади музичари од шест земји – Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Албанија и Црна Гора и создава нови музички звуци кои црпaт инспирација од традиционалниот музички извор на Западен Балкан.

    Ова е идеен проект на организацијата „Фор Селект“ (B 4SELECT), кој е поддржан од RYCO Регионална канцеларија за младинска соработка преку нивниот Фонд за култура на млади на Западен Балкан, кој, пак, ја поддржува културната соработка во регионот.

    Директорот на „Илија Николовски Луј“, Јован Бицевски ги отвори портите на училиштето за младите пијанисти од Западен Балкан да музицираат во период на нивниот камп кои ја добиваат професионалната подршка од м-р Светлана Димитриевска, наставник по пијано и раководител на одделот по пијано.

    Младите пијанистки Тара и Лора ќе се претстават со аранжмани од композиторот Борис Светиев, композитор и наставник по пијано.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica