7.6 C
Vinica
петок, ноември 28, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Трамп постхумно му го додели медалот на слободата на Чарли Кирк

    Американскиот претседател Доналд Трамп му додели највисока чест на убиениот активист Чарли Кирк, пренесува „Ројтерс“. Тој, претседателсиот медал на слободата, ѝ го врачи на Ерика Кирк, сопругата на Чарли.

    „Денес сме овде за да оддадеме почит и да се потсетиме на еден бестрашен борец за слобода, лидер кој ја инспирираше следната генерација како никој што сум видел досега“, рече Трамп на настанот по повод доделувањето.

    Кирк, основач на Turning Point USA, беше застрелан на 10 септември додека зборуваше на настан во Универзитетот Јута Вали, убиство што ја потресе нацијата и повторно ги разгоре дебатите околу политичкото насилство. Кирк беше редовно присутен на сите телевизии како еден од најпознатите сојузници на Доналд Трамп.

    Убиството на Кирк стана точка на обединување за републиканскиот претседател, кој го искористи случајот за да ја мобилизира својата база и да побара драстични мерки од државата против она што тој го нарекува „радикален левичарски екстремизам“.

    Администрацијата на Трамп започна широка акција против левичарски организации, ангажирајќи повеќе федерални агенции — меѓу нив ФБИ, Министерството за внатрешна безбедност и Управата за јавни приходи (IRS) — за истрага и разбивање на групи обвинети за финансирање и организирање на политичко насилство.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica