10.2 C
Vinica
среда, февруари 25, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Готово е: Де Јонг во Барселона до 2029!

    Медиумите во Шпанија пренесуваат дека еден од клучните играчи на Барселона, Френки де Јонг се договорил со раководство на каталонската гордост да го продолжи договорот на уште три години. Тоа значи дека Холанѓанецот ќе остане на “Камп Ноу“ до 2029 година.

    На договорот му претходеле неколку недели интензивни преговори меѓу менаџерите на Де Јонг и спортскиот директор на Барселона, Деко, кои на крајот завршиле со позитивен исход.

    Да потсетиме дека Де Јонг пред доаѓањето на Ханси Флик беше пред излезна врата, но германскиот стратег едноставно знаеше како треба и Холанѓанецот и минатата и оваа сезона игра во одлична форма. Официјализирањето се очекува да се случи за неколку дена.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica